Денеска (25.09.2026) во 07:20 часот на локалниот пат Куманово-Табановце поточно во село Табановце од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на патничко моторно возило (комби) со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Куманово, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на ученици), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 18 патници (деца), додека според сообраќајна дозвола во возилото дозволено е максимум да се превезуваат 9 лица, односно возачот С.П.(49) од Куманово, превезувал со патничкото моторно возило 10 патника (деца) повеќе од дозволеното. соопшти МВР.

Над возилото извршен е и вонреден технички преглед во станица за технички преглед од страна на стручни лица, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница).

Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот С.П.(49) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Exit mobile version