Загина 37-годишен тракторист од Кавадарци

Кавадарчанец роден 1983 година загинал вечерва откако тракторот кој го возел се превртел во близина на кавадаречкото село Крњево, потврдија за МИА од Итната медицинска помош во Кавадарци и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој рече дека се врши увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали за сообраќајната незгода. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега