Заев за Законот за учебници: Ги осовременуваме децата и ги правиме рамноправни со целиот свет

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за Законот за учебници повика да дадеме шанса бидејќи секоја реформа ги осовременува децата и ги прави рамноправни со децата од целиот свет.

-Носиме модели по примерот на Естонија, на Чешка, на многу развиени земји и верувам дека можеме да успееме во тоа, рече Заев.

Во однос на тоа дали државата ќе набавува електронски уреди за децата да можат да учат од дигитални учебници, рече дека државата сака да овозможи еднаков третман на сите деца.

-Нема да дозволиме некое детенце да биде заборавено зашто е родено во некое посиромашно семејство или е родено во некое ридско-планинско населено место, зборувам заради интернетот. Комплетно ќе алоцираме пари за да имаат еднакви или приближно еднакви услови децата за управување со информатичките технологии зашто тоа го заслужуваат сите. Второ, државата има обврска да биде коректор на социјалната нееднаквост во општеството, односно да помогата повеќе таму кадешто нема. Верувам дека ќе изнајдеме средства, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега