Заев: Во изборна единица 6 ќе ги победиме ДУИ и после тоа оваа партија ќе треба да се реформира

Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години го прават своето, станале моќни, и добро е ДУИ да се реформира откако ќе замине во опозиција, добро е за нив, добро е за државата, добро е да се реформира и ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.

- Едно општество за сите е наш концепт и свесен сум дека  на луѓето им треба време, и на Македонците и на Албанците. Ова е прва мултиетничка коалиција, 32 партии застанавме зад кандидатурата на Стево Пендаровски и еве продолжуваме да растеме, како партии и како коалиција. За мене е успех ако ДУИ и Алијансата ги победиме во шестата изборна единица, нашите проекции се дека ќе имаме 6 или 7 пратеници, за разлика од нив кои ќе имаат до 5, затоа што целат само Албанци, а ВМРО ДПМНЕ може да има 2 до 3 пратеници во шестката затоа што одат само на македонските гласови. Јас одамна му кажав на Мицкоски дека ќе губат се додека продолжуваат со ваквата деструктивна политика, посочи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега