Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

 

Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, порача попладнево премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил.

Во статусот, Заев наведува дека сите премрежја, окупации и блокади биле надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

– Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.

Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски, пишува Заев.

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и...

Posted by Zoran Zaev on Sunday, 29 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега