Заев: Во едната рака го имаме НАТО, во другата успешен попис

„Вечерва во 20:00 часот заврши пописот попишани се преку 99 отсто од граѓаните, попишани се околу еден милион 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици, нека ни е честито, покажавме кој има капацитет, а кој нема капацитет“, порача вечерва претседателот Заев на отворањето на своето обраќање пред граѓаните на Гевгелија. 
 
Претседателот Заев истакна дека само за три години се реализирало нешто што со децении не било возможно да се реализира. 
 
„На 30-ти септември - пред три години, на Денот на референдумот, на патот кон добрата иднина, 610.000 граѓани, незапаметена бројност на излезени граѓани, на некое изборно изјаснување досега, достоинствено излегоа на гласање и заокружија ЗА – за Договорот од Преспа, ЗА – за НАТО, ЗА – за ЕУ.  Од независноста до денес, не постои политичка понуда, опција, партија или идеја, којашто добила повеќе гласови на кој било изборен циклус. На 30-ти септември, денес, по три години, Република Северна Македонија, целиот наш народ, сите граѓани, секој од нас, секој вас, сите - имаме голем заеднички успех! После 20 години, имаме успешен попис! Народе мој, ова се гигантски успеси. Да сме горди на себе, со право сме горди - за само три години, тоа што било невозможно со децении – денес се непроценливи вредности, во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака - успешен попис. Нека е аирлија!“ порача претседателот Заев во Гевгелија.
30.09.2021

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа