Заев: Вирусот е лебдечки, стои на површината при движење го креваме

Има сериозни аргументи за носењето маски на отворено, изјави денеска премиерот Зоран Заев, апелирајќи да се почитува мислењето на експертите и на институциите.

 
 

За мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести вели дека тие во најголем процент не се ништо поразлични од мерките што ги преземаат државите во светот.

 
 

– Гледате дека бројките се зголемени. Дебатата и дискусијата е отсјај на слободата и јас ја разбирам, но на крајот сепак најголема тежина има експертската дебата и одлуки. Вирусот е лебдечки,, при движење го креваме. Сите мерки што се предложени и чекаат законска промена и мерките што се предлагаат дополнително, не се ништо поразлични од мерките што ги предлага светот. Прашањето е до каде оценуваат експертите дека импактот од нив ќе овозможи да живее економијата, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега