Заев: Северна Македонија и Бугарија имаат заедничка историја
По дефиниција, за да постои една нација потребно е да има територија, историја, култура и јазик, ако ние со Договорот прифаќаме да кажеме дека имаме заедничка историја со Бугарија, зарем по дифолт не прифаќаме да преговараме за македонска нација гласеше новинарското прашање на кое Заев одговори дека мора да признаеме дека имаме заедничка историја со Бугарија.
- Заедничка историја има светот, заедничка историја има Европа, заедничка историја има Балканот и заедничка историја имаат Северна Македонија и Бугарија. Дел од историјата е наша последна историја и така е дефинирано и во Договорот и заедничката историја Европа ја гледа како мост на пријателство, а не како јаболко на разделот. Верувам дека во поглед на ова ќе гледаме на заедничката историја како мост на пријателство и поголема соработка и унапредување- рече Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа