Заев: Решение за лицата без државјанство мора да има

Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши, но, како што посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички напори да се изнајде решение.

-Еве да предложам да седнеме во понеделник, вторник, среда, почетокот на следната недела, ќе дојдам јас, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и ако има друга надлежна институција за ова прашање, заедно претставници на опозицијата и на власта ќе избереме, да седнеме и да го решиме прашањето. Ќе повикам експерти од матична служба, од МВР, од мојот кабиент, ќе се подготивме претходно со идеи, вие што имате идеи, сите заедно да седнеме и да го решиме ова прашање, рече Заев одговарајќи на пратенчко прашање од Елми Азир од Алјанса за Албанците.  

Суштината на решавањето на прашањето, нагласи Заев, мора да биде согласно правни стандарди. Тој е уверен дека за ова прашање може да се најде решение во соработка со сите институции. За ова прашање да биде решено, рече, мора да седнеме  и да најдеме решение што ќе биде одржливо, затоа што ако е надвор од стандарди, надвор од конкретни докази, надвор од конкретни постапки, како лесно е добиено, така лесно може да се изгуби во иднина. 

Сте го отвориле ова прашање, власта треба да постапи, односно ние извршните органи, бирани од овој Парламент треба да постапиме. Тоа е редот нема друго како, рече Заев.

Според него, се додека макар и еден граѓанин е апатрит, а има свои деца овде или има свои родители овде, или има свој брачен другар овде или живее долги години овде, роден е овде или слично, тоа е проблем што треба да се реши.

Заев смета дека од информациите што ги има од Министерството за правда и Управа за матична служба имаат евидентирано 850 граѓани кои сами се пријавиле.

– Нека се двојно повеќе – 1500 тоа не е мала бројка, сериозна бројка иако се споменува во јавноста 6 000, 50 000, 20 000 или слично, ние треба да ги решиме сите овие граѓани и јас верувам дека имаме стручни луѓе, експерти коишто и вам и нам можат да ни помогнат како тоа да го решиме, рече премиерот Заев.

Ако се согласувате, рече тој, преку вашиот координатор на пратеничката група и координаторот на пратенчката група на СДСМ следната недела кога ќе имате вие можност сите ние би дошле овде да проазговараме за ова прашање и да изнајдеме решение. Со тоа, рече, на сите граѓани на државата ќе им се даде можност да ги остварат своите права. 

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат поднесено законско решение за ова прашање. Поради тоа што тоа не е ставено на дневен ред во Собранието пратениците од коалицијата поднесоа илјадници  амандмани и блокираа поголем број закони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2021 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега