Заев: Од октомври продолжуваат разговорите за брендовите меѓу С.Македонија и Грција

Бренд имињата на продоизводите, избегнувањето на двојното оданочување, заштита на инвестициите и Договорот од Преспа покрај другото ќе бидат тема на разговор на денешната средба на премиерите на земјава и Грција, Зоран Заев и Киријакос Мицотакис.

Оваа денеска во панел дискусијата  посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на „Економист“ го изјави премиерот Заев.

– По нашите избори, треба да продолжиме да разговараме за да најдеме начин како да ги решиме бренд имињата на продуктите – рече Заев.

Премиерот Зоран Заев најави дека во октомври ќе има средба на коморите од двете земји, а експертска група ќе работи на проблемот.

– Во  октомври, коморите од Грција, од Солун и Атина ќе бидат во Скопје за да разменат идеи, а потоа експертската група ќе продолжи да бара решение на оваа проблематика – рече Заев.

На панелот, Заев се осврна и на економската ситуација во земјава и на трговските односи со Грција, кои бележат раст од 20 отсто по Договорот од Преспа.

Притоа тој рече дека граѓаните и бизнисмените ја следат позитивната клима и изрази надеж дека по кризата со коронавирусот ќе продолжи да се зголемува трговската размена меѓу двете земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега