Заев од Битола: Мицкоски е завршена приказна, му дадов македонско, ЕУ и НАТО знаме, да си ги стави на факултет
Мицкоски е завршена приказна во политиката, затоа му подарив и три знамиња, македонско, од ЕУ и од НАТО, за да може да ги стави во кабинетот на факултетот, а ВМРО-ДПМНЕ да може да се обнови и реформира“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на завршната трибина на караванот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ која се одржа вечерва во Битола.
„Никогаш не им ги заборавајте 11 години режим на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е школо и од него учиме. Ви одзедоа 11 години и сега бараат да гласате за бројот 14. Е сега, одземете им 11 години од бројот 14, пак е бројот 3. Да гласаме за бројот 3, само тоа е сигурност, се друго е опасност“, истакна вечерва Заев од Хераклеа, повикувајќи ги граѓаните и на Битола и на целата држава во среда на 15 јули масовно да излезат на гласање кое ќе биде безбедно по здравјето за сите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа