Заев: Очекувам вакцинацијата да тече без престан - на тој начин ќе се промени целокупната слика на епидемијата

Денеска пристигнаа првите количини вакцини на Фајзер, 4850 дози добиени со директен договор склуен со оваа компанија. Ќе пристигнат 119 300 вакцини и ќе заврши пратката до крајот на август. Очекувам да се вакцинираат сите граѓани , преку непрекината вакцинација , за да се здобиеме со колективен имунитет“ , изјави премиерот Зоран Заев на прес конференција заедно со Еврокомесарот Вархељ и министерката Едштадлер.

 

Тој апелира до сите граѓани да се пријават за вакцинација.

 

-Почнувајќи од денес влегуваме во широка и обемна имунизација на населението во земјава. Очекувам вакцинацијата да тече без престан. Пријавете се на сајтот Vakcinacija.mk за да добиете термин. На овој начин, очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата и полека да достигнеме колективен имунитет, дополни премиерот

Според него ова се охрабрувачки процеси и мораме да бидеме претпазливи, да продолжиме со мерките за лична заштита.

-Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините, во тој поглед имаме сериозни промени на подобро, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега