Заев на Фејсбук: Голем интерес од медиумите во Грција и од регионот за Северна Македонија

 
Премиерот Зоран Заев утринава на својот Фејсбук профил напиша дека медиумите од Грција и од регионот покажале голем интерес за Македонија и за постизборниот период.
 
Во статусот, Заев наведува дека за време на неговиот престој во Атина дал интервјуа за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз и за други медиуми, во кои истакнал дека граѓаните во Северна Македонија знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми.
 
– Решавањето на отворените прашања дополнително го поттикна интересот на бизнис заедниците за поголема и подинамична соработка. Како политичари должни сме да овозможиме развој на заедничките бизнис иницијативи и инвестиции. Уште еднаш се уверив дека постои огромен интерес на сериозни и големи компании од Грција да соработуваат и да иницираат инвестиции од интерес на граѓаните на двете земји, напиша Заев.
 
На средбата со неговиот грчки колега Мицотакис, како што наведува во статусот, ќе разговара како да се поттикне поширока соработка меѓу двете земји. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега