Заев му заблагодари на шпанскиот премиер Санчез за изразената поддршка

 Лидерот на СДСМ денеска во објава на Фејсбук му се заблагодари на шпанскиот премиер Педро Санчез за изразената поддршка за коалицијата Можеме на претстојните предвремени парламентарни избори во земјава.

– Ти благодарам Педро Санчез за поддршката. И како сојузници во НАТО и како идни партнери во ЕУ, продолжуваме да придонесуваме за подобра, проевропска иднина на сите граѓани. Можеме, наведува Заев во објавата на македонски и на шпански јазик.

Санчез во видео обраќање испрати порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме“, што, како што вели, „ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ“.

– Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план. Драг Зоран, ти благодарам многу и ти посакувам многу успех, наведува Санчез во пораката. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега