Заев: Максим Димитриевски ќе биде најголемиот губитник

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека со одлуката кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски да се кандидира како независен кандидат на локалните избори, тој самиот ќе биде најголемиот губитник, бидејќи тргнал против себе. 

– Граѓаните, членовите на партијата, дури и функционерите, може да гласаат како што тие мислат. Не негираме и не спречуваме некој да биде независен, но статутот го регулира тоа дека не може истовремено да сте СДСМ и да се борите против СДСМ. Логиката е јасна и едноставна, не треба да сте посебно политички упатен за да го сфатите статутот. Ако тргнете против СДСМ, не може да бидете СДСМ. Веќе кажав, Максо тргна против Максо. Одлуката е негова, тој така одлучи и апсолутно е свесен за сите консеквенции и готово. Како претседател на СДСМ очекувам, ако сте член на партијата, да гласате за нашите понуди за градоначалници, граѓаните може да гласаат за кого сакаат. Тој тргна сам против себе и верувам дека Максим ќе биде најголемиот губитник – рече Заев.

03.09.2021 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега