Заев: Македонците не губат ништо ако има националност во личните карти

 

Премиерот Заев изјави дека СДСМ ќе се залага во Изборниот закон Македонија да стане една изборна единица, но нагласи дека за тоа ќе биде потребен широк консензус.

„Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за порталот МКД.мк, секако го ценам неговиот став во поглед на законскиот предлог за етничката припадност во личните карти. Претседателот во интервјуто рече доколку овој предлог има поддршка од парламентарните партии дека законот ќе го потпише. Секако, ќе разговараме и со него, треба да се слушнат размислувањата на оваа тема. Сепак, треба да нагласам дека и со уставните измени треба да водиме сметка за правата на етничките заедници, и за помалите етнички заедници. Треба да се има предвид дека со графата за етничка припадност Македонците не губат ништо. Македонија е мултиетничка држава, таа е и доста поразлична од други држави, тоа е нашето богатство и тоа е и наша предност", изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција пред Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега