Заев: Ќе му отстапам 13 пратеници на Мицкоски за тој да формира влада, ако ДУИ уценува
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел изрази подготвеност да му отстапи пратеници на противникот Христијан Мицкоски за тој да формира влада, доколку ДУИ ја уценува СДСМ со премиер кој тие го предложуваат.
-Јас сум кандидат за премиер од коалицијата Можеме. СДСМ нема да дозволи да биде под никакви уцени. Јас немам проблеми со етничката припадност на кандидатот, но тоа никако да не биде со услов. Јас ќе бидам идниот премиер со тие кои ќе формираме мнозинство.
Ако условот на ДУИ биде кандидатот, нема да преговараме со ДУИ. И сум спремен да му отстапам 13 пратеници, во разговор со пратениците, на Мицкоски, оти толку ќе му требаат за 61, за тој да формира малцинска влада. Доколку тој не сака да ми отстапи 6, за јас да формирам малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, рече Заев.
На ова Мицкоски одговори дека математиката на Заев не му е силна страна, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има доволно пратеници за да формира влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа