Заев ја најавува ИКЕА, Мицкоски три интернационални инвестиции на првиот ден како премиер

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во дуелот со Христијан Мицкоски на јавниот сервис, најави конкретни големи инвестиции кои треба да се случат во следниот период.

-’Еколог‘, македонската компанија етаблирана меѓународно, 300 милиони евра инвестиција согласно законот за стратешки инвестиции, ’Блек стоун‘ за Драјпорт меѓу Велес и Демир Капија, со индустриска зона, каде ќе се менаџираат сите стоки од пристаништето од Солун, поради поевтин складиштен простор, ИКЕА наскоро ќе инвестира во Македонија, ’Фреш фуд‘ партнерот на КФЦ, којшто прави во 10 града инвестиции во домашно македонско пиле, огромна инвестиција поголема од 100 милиони евра, најави Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, повторно ги спомена трите големи интернационални инвестиции, што ги ветува во првите 100 дена откако ќе ја преземе власта и рече дека ги соопшти на првиот ден како премиер.

-Јас точно ќе кажам во првите 100 дена три компании ќе донесат одлука да инвестираат во Македонија. Имињата ќе бидат кажани на првиот ден од експозе кое ќе го дадам како премиер. Тоа ќе бидат сериозни мултинационални компании кои ќе инвестираат и тоа сериозен капитал. Кога зборуваме за минимум 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, ние зборуваме за нешто што во овие 3 години досега назадуваше. Еве погледнете, статистиката за вложувањето на домашните инвеститори во основните средства е од година во година намалено, затоа што или се намалува обемот на бизнис или им се намалува желбата да инвестираат во Македонија, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега