Заев: Четвртиот пакет-мерки ќе ја зголеми потрошувачката и ќе ги помогне компаниите

Премиерот Зоран Заев најави дека наскоро почнува реализација на четвртиот пакет-мерки кои имаат за цел побрзо надминување на последиците од корона-кризата врз економијатА.

„Ги опфаќаме најсиромашните, за да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжи и помошта за платите во најпогодените сектори.

 Ќе има стимулативни мерки и за враќање на отпуштени работници во време на кризата, затоа што сакаме тие што се отпуштени да се вратат на работа, особено кога има недостиг на квалификувана работна сила.

 Платежни картички ќе добијат: пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа, самохраните родители.

 Се прават проценки стечајните работници кои добиваат надоместок од 8.000 денари, да добијат уште еден вид на помош.

Освен помошта за граѓаните и стопанството, важно е државата да го искористи периодот за засилено финансирање на капитални инвестиции кои носат придобивки и за економијата и за државата. Тоа ќе бидат проекти каде ќе бидат ангажирани наши домашни компании, наши работници.

Активно работиме на процесот на гасификација, се заокружува примарниот прстен на гасоводна мрежа во државата и наскоро ќе бараме концесионер кој ќе доставува гас до домаќинствата и фабриките.

 Започнува проектот „Чебрен“, во вредност меѓу 600 и 800 милиони евра.

Треба да започне реализацијата на Клиничкиот центар во Скопје во вредност од над 500 милиони евра.

Други важни капитални и инфраструктурни проекти во општините, како патишта, детски градинки, канализации, водоводи, школи, спортски сали и општински згради“ напиша Заев на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега