Заев: Ако Законот за Коридорот 8 и 10 падне на Уставен ќе скрши нога

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека ако Законот за изградба на Коридорите 8 и 10 падне пред Уставниот суд ќе скрши нога.

-Ако падне ќе скрши нога, рака, нешто. Ако падне, Уставниот суд е конечен, тогаш одиме повторно со постапките коишто значат две алтернативи. Едната е традиционална постапка којашто државата ја има, а тоа значи проектирање едно три-четири-пет години, а потоа значи избор за изведувачи, надзор и слично, коешто генерално како постапка за автопатите од ваков калибар, зборувам пред сѐ, за тешкиот автопат од Коридорот 8, којшто е посебно за димензијата Гостивар-Кичево, но секако и за Тетово-Гостивар, како и Струга-Ќафасан, но и  за Коридорот 10б, Прилеп-Битола. Тогаш ќе губиме многу време, рече Заев.

Вели дека Законот има за цел да ѝ пречорача на Владата, преку надлежните ресори да најде решение на компетативен и конкурентен начин, преку конкурентни цени, а со конечна цел да ги скрати сите тие рокови.

-Односно, да имаме проектирање на прва фаза и веднаш изведба, додека се изведува првата фаза, проектирањето продолжува на втора, трета и четврта фаза. Она што го крати најмалку за 50 отсто времето за проектирање и изведба на постапките. Дефинитивно, иако се пошегував, Уставниот суд, ако донесе одлука дека нешто тука е неуставно, незаконски или слично, ние тоа ќе го почитуваме. Но искрено верувам дека моделите коишто се веќе развиени во Хрватска, Србија, Албанија и Косово се исти модели како нашите, Уставите ни се исти, верувам дека и уставноста е загарантирана, но да не прејудицираме, да видиме како Уставниот суд ќе одлучи, рече Заев.

31.07.2021 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега