Собранието денеска ќе ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред се преостанатите три точки, меѓу кои и предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка.
Според предложеното решение, заемот е наменет за општи буџетски потреби, финансирање капитални расходи и рефинансирање на обврски предвидени во Буџетот. Отплатата е предвидена на седум години, со грејс-период од три години, а каматата ќе биде варијабилна.
Пратениците ќе расправаат и за Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година, како и за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година.


