Обилните врнежи од снег предизвикаа сериозни измени во сообраќајниот режим на клучните патни правци во државата.

Најновата информација од АМСМ, која стапи на сила во 09:25 часот, се однесува на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Таму е воведена целосна забрана за движење на автобуси, додека за автомобилите е задолжителна употребата на зимска опрема (синџири).

48-часовна блокада на ГП Меџитлија Важна информација за транспортерите: Од 10:00 часот денеска (08.01), на Граничниот премин Ники (ГП Меџитлија) стапува на сила забрана за влез на товарни возила во Грција. Оваа забрана ќе трае цели 48 часа, односно до 10 јануари во 10:00 часот. За патничките возила нема ограничувања.

Exit mobile version