Утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ слета авионот на компанијата „Флај Дубаи“, со кој во Србија се врати уште една група граѓани од Обединетите Арапски Емирати.
Според информациите достапни на официјалната веб-страница на аеродромот, авионот слетал во 07:40 часот наутро. Летот се соочил со значително задоцнување, со оглед на тоа што првичното пристигнување било предвидено за претходната вечер, околу 21:25 часот.
Ова е втор ваков лет во кус временски период, откако вчера наутро во Белград пристигна првата група српски државјани кои беа евакуирани или транспортирани од Дубаи.


