За влакно избегната несреќа во центарот на Лондон: Велосипедистот падна, а арогантниот возач даде гас и го прегази (ВИДЕО)

Инцидентот што се случи во центарот на Лондон разбесни многумина, особено велосипедистите.

Видеото, кое брзо се прошири, покажува како велосипедистот  малку фалело да преживее вистинска несреќа, сето тоа поради ароганцијата на возачот на автомобилот кој бил близу до него.

Додека беа на семафори кои светеа црвено, момчето падна од својот велосипед. Во тој момент се запали жолто светло, а автомобилот од неговата десна страна, наместо да чека да стане и да се тргне велосипедистот, брзо забрза и  згази по велосипедот. Ногата на велосипедистот беше скоро под тркалата, но се извлече.

Видеото од инцидентот го објави велосипедистот Патрик на социјалните мрежи, кој даде краток коментар: „Нема што да се каже“.

Полицијата соопшти дека велосипедистот бил дел од група од 30 други велосипедисти за време на судирот и потврди дека започнале истрага.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Patrick™️ (@jrzy.pat)

03.06.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега