За само еден месец крвниот притисок станува минато: Научниците тврдат дека ова овошје делува како лек

Високиот крвен притисок е заболување што мачи сè поголем број луѓе и многу е важно на време да реагирате.

Високиот притисок предизвикува притисок на крадиоваскуларниот систем што подолгорочно може да придонесе за развој на болести на срцето и бубрезите, но и мозочен удар.

Боровинката делува како лек

Луѓето со висок притисок би требало да се хранат здраво, да вежбаат и да ги остават цигарите.

Спроведени се бројни истражувања и научниците откриле дека кардиоваскуларното здравје може да се подобри со консумирање брокули, спанаќ и риби, а особено боровинки.

Ана Родригез-Матеос од Кралскиот колеџ во Лондон со колегите направила истражување кое вклучувало околу 40 луѓе со добро здравје, кои биле поделени во две групи.

Првата група дневно добивала напивка што содржела 200 грама боровинки, а другата била контролна.

Резултатите покажале дека со консумирање 100 грама боровинки два пати дневно, за еден месец го намалува притисок исто како и антихипертензичните лекови.

Содржат голем број полифеноли

Научниците откриле дека боровинките делуваат по два часа, односно ја подобрува ендотелната функција на артериите.

Ендотел е еден вид мембрана во срцето и крвните садови. Се состои од клетки што ја помагаат контролата на ширење и стеснување артерии и има клучна улога во згрутчувањето на крвта.

Боровинките се богати со бројни полифеноли, меѓу кои се и антиоксидантите, на кои заедно со сините пигменти им се припишува овој поволен ефект на васкуларниот систем, во смисла на подобрување на ендотелната функција, по само две недели консумирање.

Откако еден месец пиеле напивка со 200 грама боровинки, на испитаниците им се намалил притисокот за пет милиметри во просек.

 

„Кога ваквите промени во функцијата на крвните садови по консумирањето боровинки би се примениле во текот на целиот живот на луѓето, нивниот ризик од кардиоваскуларни болести би бил за 20% понизок“, открила Ана Родригез-Матеос.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега