Од Електродистрибуција соопштија дека поради технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, денес (07.10.2026 година) повеќе населени места и улици во Скопје и околината ќе останат без струја во различни временски интервали.

  • Петровец: Од 08:30 до 15:00 часот без напојување ќе биде дел од потрошувачите во село Горно Блаце, поради реконструкција на нисконапонски извод.
  • Студеничани: Од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Студеничанска“, поради планирани зафати во мрежата.
  • Карпош: Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Козле“ и „Славко Брезовски“, лоцирани зад училиштето „Владо Тасевски“.
  • Илинден: Во селото Ајватовци, на дерек од улица 1, кај потрошувачите Јовановска Трајанка, Ангеловски Гоце и Томовски Зоран, струја нема да има од 09:00 до 13:00 часот поради реконструкција на извод во ТС Бунарџик 1.
  • Центар: Од 11:00 до 14:26 часот без електрична енергија ќе бидат објектите на улицата „Славејко Арсов“, на излезот кон булеварот „Тодор Александров“, во близина на Британската и Француската амбасада, како и Институтот ИЗИИС.
Exit mobile version