За овој симптом на коронавирусот малку се зборува, а може да биде клучен знак на инфекција

 

Толку многу се зборуваше за симптомите на коронавирусот, но овој досега беше скоро целосно незабележан.

Кога се споменуваат симптомите на коронавирусот, сите прво помислуваат на температура и сува кашлица, евентуално губење на чувството за вкус и мирис. Подоцна, како што траеше пандемијата, беше утврдено дека симптомите може да бидат дијареја, повраќање, проблеми со слухот, а сега се покажа дека еден од клучните симптоми може да биде болка во стомакот.

Експертите предупредија дека болката во стомакот може да биде симптом на вирусот корона откако медицинскиот техничар во Квинсленд го пријави токму тоа како единствен симптом и се покажа дека тој е заразен со короната.

Иако овој симптом не се јавува често, експертите предупредуваат дека луѓето сепак треба да го препознаат како потенцијален знак на корона, но тие исто така апелираат да одат на лекар доколку имаат какви било симптоми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега