Според астролошките толкувања, 17 септември носи важни промени и пресврти кои особено ќе се почувствуваат во животот на Близнаците, Вагата и Јарецот, отворајќи им нов простор за шанси и можности по долготрајни преиспитувања.
За Близнаците ова е период кога треба да се стават себеси на прво место и да ги разгледаат односите кои ги исцрпуваат. Вагите добиваат силна потреба да престанат да се сомневаат во сопствените способности и да направат конкретен чекор кон она што го сакаат, додека кај Јарците партнерствата и деловните или емотивните врски доаѓаат во центарот на вниманието, помагајќи им да ги разјаснат животните приоритети.


