Close Menu
Press24
    Најново

    Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци

    22.03.2026 во 14:36

    Апсења во Скопје: Приведени седум лица

    22.03.2026 во 14:29

    Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово

    22.03.2026 во 14:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци
    • Апсења во Скопје: Приведени седум лица
    • Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово
    • Пронајдено уште едно тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје
    • Хорор во Визбегово: Соседи му упаднале во куќата, го тепале со пиштол пред очите на малолетниот син
    • Мицкоски објасни зошто е избран моделот на намалување на ДДВ-то за горивата, наместо барањата за намалување на акцизата
    • Мицкоски најави: Цената на нафтата минимално ќе се зголеми, додека бензинот нема да претрпи промени
    • Падна одлука: ДДВ за горивата се намалува на 10%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За Орце нема одмор: Градоначалникот провери како се работи на Љубљанска

    За Орце нема одмор: Градоначалникот провери како се работи на Љубљанска

    24.12.2025 во 17:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје.

    Во прлилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: 

    Конечно, по долг период на застој, продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“, со што ќе се пушти во употреба мостот во Карпош

    Довербата што ја добив од граѓаните е обврска да се решаваат проблемите кои со години беа наталожени. 

    Денес, со задоволство можам да информирам дека продолжува реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на граѓаните.

    Проектот беше стопиран поради неопходноста од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“, согласно законската регулатива. 

    Со сериозна работа, силна волја и одговорен пристап, потребната дозвола е обезбедена, културното наследство е заштитено, а градежните активности ќе продолжат со засилен интензитет по завршувањето на конзерваторските зафати.

    Со комплетирањето на делот од мостот до улицата „Скупи“, ќе се воспостави клучна сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје. 

    Тоа ќе значи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, значително растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, како и побрз и побезбеден излез кон обиколницата.

    Со проектот се предвидува отворање на нова современа сообраќајна оска, како и функционално и безбедно решение за влезот во селото преку кружен тек или адаптивна семафоризација, согласно потребите на сообраќајот.

    Нашата цел е намалување на сообраќајниот метеж, целосна заштита на културното наследство кај локалитетот Скупи и обезбедување безбеден и ефикасен проток за возила и пешаци. 

    Унапредувањето на патната и сообраќајната инфраструктура е еден од нашите врвни приоритети, затоа што директно значи подобар квалитет на живот за сите.

    Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град., напиша градоначникот на ФБ.

    Популарно

    Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци

    22.03.2026 во 14:36

    Апсења во Скопје: Приведени седум лица

    22.03.2026 во 14:29

    Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово

    22.03.2026 во 14:24

    Пронајдено уште едно тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

    22.03.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.