За несреќата на патот Штип - Св.Николе се огласија и од ЦУК: Загинаа три лица, обвинител врши увид

 

За тешката сообраќајка во која загинаа три женски лица, со детали се произнесоа и од Центарот за управување со кризи.

„Регионалниот ЦУК ШТИП известува за сообраќајна несреќа на патниот правец „Штип - СВ Николе“ кај селото Криви Дол помеѓу две патнички моторни возила. Од Сообраќајната полиција ЦУК има известување дека на местото на несреќата имало две загинати лица, а едно лице им подлегнало на повредите во клиничката болница во Штип.

За другите повредени лица нема подетални информации , на местото на несреќата е излезен јавен обвинител и се врши увид на несреќата а сообраќајот ке биде во прекин се до завршување на увидот“, изјавија од ЦУК за „Прес24“ .

Инаку, сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат кон Св. Николе.

02.06.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега