За Ковачевски, членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но достижна цел
Лидерите на политичките партии на денешната средба му дале поддршка на премиерот Димитар Ковачевски за европскиот пат.
На средбата тој ги известил дека и од САД добил јасна, силна и недвосмислена поддршка, каква што земјата добива од независноста.
„Евро-атлантската интеграција на Македонија, нејзиниот демократски развој, но безбедноста и стабилноста, се особено важни за нашите стратешки партнери – САД. На денешната средба со нашите коалициски партнери се сложивме дека наша заедничка цел е земјата да оди напред, да се движи со демократскиот и прогресивниот свет. Нашата цел е полноправно членство во ЕУ до 2030 година, што е амбициозна, но достижна цел, и во оваа цел нè поддржуваат нашите стратешки партнери“, рече премиерот Ковачевски.
За ВМРО-ДПМНЕ, која ја блокира земјата на европскиот пат, премиерот Ковачевски, вели дека ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на Левицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа