За едно 4 члено семејство да преживее во Македонија во ноември му требале најмалку 550 евра
На едно четиричлено смејство во ноември годинава според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби.
Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, односно 32,03 отсто за домување. За хигиена требале 2.375,3 денари или 7,04 отсто, за превоз 2.464,22 денари или 7,3 проценти, за облека и обувки 2.161,57 денари, односно 6,41 отсто, за култура 1.066,79 денари или 3,16 отсто, а за одржување на здравје 716,91 денари, односно 2,12 отсто.
Просечно исплатената нето плата во земјава за септември 2020 година изнесува 27.405 денари
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа