За една година дизелот во Македонија поскапел за 30% - бензините скокнале за 24%

 

За една година дизел горивото поскапело за речи си 30% а бензинот за 24%, покажува анализата на движењето на малопродажните цени на нафтените деривати.  Ако во мај лани, за литар дизел сме плаќале 45,5 денари, годинава, литар од ова гориво на бензинските од утре ќе се точи за 59 денари.
Во мај лани, литар бензин чинел 54 денари, а од утре ќе се точи по 67 денари за еден литар. 
Главна причина за зголемените цени се движењата на цените на суровата нафта на светските берзи. Таму, ако барел нафта во мај лани чинел околу 30 долари, во моментов цената на буре сурова нафта на берзата во Лондон се доближува до 70 долари.


Причина плус за зголемените цени на горивата е и зголемената акциза на дизелот кој само годинава по овој основ доби речи си 4 денари на својата цена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега