За дводневната конференција „Година на можности“, граѓаните од државниот буџет платиле 168.000 евра

За дводневната конференција „Година на можности“ по повод една година од претседателствувањето на Димитар Ковачевски со Владата, граѓаните од државниот буџет платиле вртоглави 168.000 евра, известува Сител ТВ.

Два дена, на 30 и 31 јануари, премиерот, министри, заменици министри, директори, академици, советници и експерти учествуваа на четири панел дискусии посветени на различни теми. 

Според Сител ТВ, парите завршиле во две компании за три ставки. Најголем дел од парите биле дадени за организацијата на настанот, односно за озвучување, осветлување, паноа и слично. Организатор била компанијата „Фонолукс“ која за овие услуги наплатила 148 000 (148 277) евра.

Угостителските услуги и закупот на конференциската сала одело преку компанијата „Ноа турс“ за што биле платени речиси 20.000 евра (19 705). Од кои 6.800 (6 812) за угостителските услуги, а остатокот (12 893) за закуп на конференциската сала.

 

15.03.2023 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега