За 8 месеци пратениците завршија само 8 седници на кои се гласаа Закони, а земаа над милион евра за плати и патни трошоци
Од август минатата година, кога се конституираше Собранието по парламентарните избори на 15 јули, пратениците почнаа 39 седници, но завршија само 19 од нив. И од тие 19 завршени седници, само 8 беа со предложени закони на дневниот ред. 20 седници стојат незавршени, меѓу нив и 36. седница, на која на дневен ред чекаат трите предлог-закони од петтиот пакет економски мерки за ублажување на последиците од пандемијата на ковид-19, пишува СДК.МК.
Во тие 19 завршени седници се и првата, конститутивната седница, на која само се верификуваа пратеничките мандати и се избра претседател на Собранието, потоа втората седница, на која само се одлучуваше за бројот на потпретседатели на Собранието. На 10. седница се бираше влада, на 11. седница се бираа претседатели и членови на собраниските комисии и на 13. седница се бираа заменици министри. На 14. седница имаше обраќање словенечкиот претседател Борут Пахор, додека 23. седница беше за редовното годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски. На 31. седница се бираа членови на Државната изборна комисија. Досега имаше и три седници за пратенички прашања.
Работеле-не работеле, пратениците секој месец земаат просечно по 1.100 евра, или за 8 месеци вкупно милион евра за пратенички плати. За патни трошоци, заклучно со јануари, на 75 од вкупно 120 пратеници им се исплатени 122 илјади евра.
Целата анализа прочитајте ја тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа