За 66 проценти зголемен бројот на нови корисници на Твитер

Сопственикот на Твитер Илон Маск изјави дека бројот на нови корисници кои сакаат да пристапат на оваа социјална платформа е на рекордно ниво.

Во последните седум дена тој број во просек кој изнесува два милиони дневно, што е за 66 отсто зголемување во споредба со истиот период минатата година, рече Маск, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека бројот на активни минути што корисниците ги поминуваат на Твитер е рекордно висок и изнесува речиси осум милијарди минути дневно, што е зголемување за 30 отсто во однос на истиот период во 2021 година.

Во исто време, говорот на омраза на Твитер е во опаѓање, додаде Маск.

27.11.2022 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега