Вучиќ: Србија нема да ги признае референдумите во Украина
Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека Србија не може и нема да ги признае референдумите во окупираните делови на Украина од руските воени сили.
„Ние го штитиме сопствениот територијален интегритет и во наш интерес е да го заштитиме територијалниот интегритет на меѓународно признати земји. Тоа е единствено нешто што не може да се промени, овие работи се од голема важност за нас“, кажа Вучиќ.
Исто така, Вучиќ претходно кажа дека не се бори ниту за Владимит Путин, ниту за Џо Бајден, туку за Србија.
28.09.2022 - 19:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа