Вучиќ се пофали: Ќе произведуваме кинеска и руска вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека неговата земја ќе произведува кинески и руски вакцини.

Вучиќ тоа го рече во интервју за австриската „Клајн цајтунг“ и додаде дека не разбира зошто постои отпор кон вакцинацијата, што, како што наведе, е глобален проблем, а не проблем само на една земја.

– Во наредните денови ќе биде поставен камен -темелник за нова фабрика која ќе произведува кинеска вакцина против вирусот ковид-19 во нашата земја. Првата компонента на руската вакцина „Спутник В“ веќе се произведува во Србија, а моментално се работи да се произведува и втората компонента – рече тој. Претседателот на Србија, додаде:

„Теориите на заговор и негативните пораки очигледно имаат поголема пенетрација отколку позитивните, во кои социјалните мрежи исто така играат значајна улога, како и фактот дека луѓето ги гледаат своите слободи во неразумни ставови“.

07.09.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега