Вучиќ се обрати во ООН: Што е со злосторствата врз Србите?

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации го покрена прашањето за злосторствата кон Србите на Косово.

– Што е со она што Харадинај го направи на Косово? Тоа заврши со ослободителни пресуди пред МКТЈ. Што е со злосторствата врз цивилите во БиХ, Хрватска? Тоа не беше интересно. Но, честопати е Србија виновна и Србите често се обвинуваат. Ние ги осудуваме злосторствата извршени во Сребреница. Како и да е, ние ја поздравуваме работата на МКТЈ и механизмите. Обично се случува судењата да се спроведуваат против Србите – потенцира тој.

Тој објасни како, според неговото мислење, треба да се спроведува правда.

– Насер Ориќ беше осуден за злосторства против Србите во БиХ, а потоа пресудата беше ослободителна. Сите сведоци во случајот против Харадинај мистериозно се самоубија. Според пресудите, излегува дека никој не сторил кривично дело против Србите. Но, ние во Србија сè уште се бориме за помирување и почитување. Србија е мала земја, но со храбри луѓе.

 

08.06.2021 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега