Вучиќ се налути: "Ќе се вакцинирам со кинеската вакцина“

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во официјална посета на Бахреин, од каде им порача на граѓаните на Србија да не се грижат и дека ќе можат да патуваат поради воведување на матниот пасош.

- Нека не се грижат граѓаните на Србија. Ќе издадеме тестови за два часа за да можат да патуваат без никакви проблеми, посочи тој. Тој го критикуваше најавеното воведување на ковид- пасош.

 

-Би било неразумно, но ако ја донесат, тоа ќе биде одлично за нас. Како ќе го забранат доаѓањето на унгарскиот премиер кој беше вакциниран со кинеска вакцина? Сега и мене кога слушнав, ме забрзаа да се вакцинирам со кинеската вакцина, а потоа ако не ме прифатат во Брисел, нема ништо од дијалогот со Приштина, изјави Вучиќ.

"Ќе се вакцинирам со кинеската вакцина. Мислев дека ќе ја примам кинеската вакцина за 8-9 дена, сега ќе ја забрзам малку, ќе се вакцинирам на денот кога ќе ја донесат таа одлука" рече тој.

Да потсетиме, предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно движење во рамките на Европската унија, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2021 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега