Вучиќ: Признавањето на Косово е само добра приказна за весници - Србија не добива ништо, а ќе завршиме како Заев со Преспанскиот договор
Српскиот претседател Александар Вучиќ признавањето на Косово би било само добра новинарска приказна, а Србија нема да добие ништо.
-Слушнав од еден официјален кинески претставник дека не е се поврзано со Косово, туку дека преку Косово сакаат да ја урнат цела Србија. Тоа не е далеку од вистината, иако ќе зборуваат дека најмодерните и најдобрите политичари се тие кои со воодушевување ќе ја прифатат независноста на Косово, а Србија да не добие ништо, само убава приказна за весници, па да завршиме како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор, рече Вучиќ.
Вели дека Србија е под притисок од Европската унија и Соединетите Американски Држави да го признае Косово.
Сепак, тој стравува дека Грција наскоро може да го признае Косово, зашто ги издигнуваат односите на едно повисоко ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа