Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска излезе со црни прогнози за иднината на Европа и светот. По консултациите со политичките партии, тој нагласи дека војната во Персискиот Залив и енергетската нестабилност ќе доведат до глобален потрес каков што досега не е виден.

„Се соочуваме со најголемата глобална криза досега. Европа ја чекаат многу тешки времиња. Не станува збор само за нафтата, туку за целосен колапс во стратешките индустрии. Војната нема да запре набрзо, а последиците ќе бидат болни за сите“, истакна Вучиќ.

Претседателот откри дека Србија веќе се подготвува за недостиг на суровини, вештачки ѓубрива и храна, но ги увери граѓаните дека во земјата ќе има доволно основни продукти како леб, млеко, шеќер и масло. Сепак, тој не ја исклучи можноста за запирање на извозот доколку биде загрозена домашната безбедност.

Exit mobile version