Вучиќ: Мит е дека Косово е само наше, но исто така и дека Србија нема никакви права над него

 

Mит е дека Косово и Метохија е „само наше“, но и дека е мит и дека Србија и српскиот народ немаат никакви права над Косово и Метохија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

 

-Митот е дека сè е лесно и едноставно и дека треба да му кажеме на светот да се тргне од Косово и Метохија затоа што е само наше. Исто така е мит дека Србија и српскиот народ немаат никакви права на Косово и Метохија , рече Вучиќ.

 

Тој оцени дека е потребен рационален, прагматичен пристап кон решавање на косовскиот проблем, создавање поголема доверба меѓу Србите и Албанците, но и поголема решителност на меѓународната заедница да ги поддржи Белград и Приштина на различни начини за постигнување компромисно решение.

-Прашањето на сите наши завети е дали ќе можеме да обезбедиме безбедност за нашите деца во Косово и Метохија, повисоки плати во цела Србија. Без компромис, некој може еден ден да го одмрзне тој конфликт, а тоа не води кон немири и конфликти што не му прилегаат на никого. Најмногу од сè на Србија затоа што напредува најбрзо, рече Вучиќ.

Тој додаде дека нема да каже што е компромисно решение.

За да се постигне компромис, обете страни мора да бидат подготвени да направат отстапки. Србија е подготвена на компромис и народот е тој што ќе одлучи на крајот, рече Вучиќ.

29.06.2021 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега