Вучиќ ќе прави гасовод од Србија до Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека енергетската ситуација во Србија е тешка и рече дека земјата купува од Русија две милијарди кубни метри гас, но би било добро да добијат уште една милијарда од другата страна.

Тој ова го кажа во изјава за медиумите по свеченоста за пуштање во употреба на новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција денеска во Софија.

Вучиќ рече дека и е благодарен на Европската комисија за поддршката и најави дека Србија ќе продолжи да работи на диверзификација на гасот.

„За тој проект ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Северна Македонија од многу причини, исто така поради можноста за поврзување со ТАП, кој води од Азербејџан до Италија, па да видиме што можеме да добиеме во иднина“ изјави Вучиќ.

Посочи дека се разгледуваат и други енергетски можности и нови гасоводи на територијата на Србија.

Исто така, рече дека државата размислува за нови нафтени линии, бидејќи, како што нагласи, „некои се фалат дека им прават голема услуга со тоа што Србија им плаќа многу пари за транзит на нафта“.

На тој начин, рече Вучиќ, ќе ја диверзифицираме и нафтата за да можеме да го земеме овој извор на енергија од различни извори, не само преку хрватскиот нафтовод, туку и од Албанија, Грција и некои други земји.

Тој нагласи дека овие проекти се од стратешко значење за следната зима и ќе и овозможат на Србија да има малку повеќе гас отколку што има денес.

Вучиќ додаде дека ситуацијата во моментов е многу тешка, нагласувајќи дека побарал земјите од Западен Балкан да добијат одредени пари како компензација за огромните цени што ги плаќаме.

 

05.10.2022 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега