Вучиќ ја отфрли идејата за недела да биде неработен ден во Србија: Како мислите дека Германецот ги заработува парите?

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли идејата недела да биде неработен ден.

При отворање на фабрика за автоделови на германската компанија АФТ во Прибој зборуваше за ова идеја која неодамна се појави во Србија.

-Како мислите дека Германецот ги заработува парите? Вредни луѓе, посветени луѓе, луѓе на кои работата им е животот – само така можат да напредуваат. А не само да бараат уште еден слободен ден. Јас кога ги слушам тие идеи недела да биде неработен ден, сабота да биде неработен ден, петок да биде неработен ден – може, идете во тие земји, а во Србија мора да биде работен ден, за да можеме да ги стигнеме тие кои денеска размислуваат за неработни денови, рече Вучиќ.

Вели дека мора да се работи и порача оти оној кој не му се допаѓа да ја преомени власта.

21.05.2021 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега