Вучиќ: И политички неписмен човек можеше да разбере што се подготвува денеска на северно Косово

„Во последните три дена и политички неписмен човек можеше да разбере што се подготвува денеска, се беше организирано од Аљбин Курти, се со неговата желба да има голем конфликт меѓу Србија и НАТО“, рече претседателот Александар Вучиќ за ситуацијата на Косово.

„Србите во Косово се собраа пред општинските згради за да го изразат своето незадоволство од окупаторските градоначалници, бидејќи војниците на КФОР не ги заштитија Србите и не го спречија незаконското и насилно преземање на општините“, рече Вучиќ.

Повеќе од 50 граѓани беа повредени во денешните судири на Косово.

29.05.2023 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа