Вучиќ: Груевски ме мачеше, година и пол барав тактика за нив- сите инвеститори сега доаѓаат во Србија

Груевски ме мачеше, немав стратегија за него, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју зборувајќи за инвестицкиот бум во Србија во последните години.

Србија прерасна во балкански лидер по странски инвестиции, а претседателот на државата вели дека дури 62 отсто од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија.

– Сите фабрики ги донесовме ние. Донесовме инвеститори, ја направивме најдобрата политика. Нè мачеше Груевски. Година и пол барав тактика за нив. Нè мачеше зашто имаше добра политика за привлекување странски инвестиции. И цела година лутавме како да направиме подобра програма и најдовме и сите инвеститори им ги презедовме. Сега веќе никој ништо не зема. Сега сè стигнува во Србија, 62 отсто од вкупните инвестиции во Западен Балкан – рече Вучиќ.

25.07.2021 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега