Вучиќ го одврза кесето: Ѓоковиќ ќе добие дебела награда за олимпиското злато

 

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во големото финале го совлада шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 2:0.

Овој спектакуларен успех му донесе не само престижен медал и место во историјата, туку и значајна финансиска награда.

Ѓоковиќ со освојувањето на златниот медал заработи 200.000 евра во динари.

Дополнително, како носител на национална спортска награда, Ѓоковиќ ќе добива и доживотен месечен паричен приход во износ од 252.681 динари, што претставува три просечни нето заработувачки во Србија за месец декември претходната година.

 

05.08.2024 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега