Вучиќ до меѓународната заедница: Зошто не ја бомбардираат Русија како што ја гаѓаа Србија во 1999 година

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека Србија има проблеми поради тоа што не сака да воведе санкции кон Русија и дека би се живеело 10 пати подобро кога би го направила тоа.

Вучиќ, исто така кажа дека ќе се борат против воведување на санкции додека можат, зашто тоа Србија го прави поради почитување на правото.

Лидерот на Србија, исто така, ја праша меѓународната заедница зошто не ја бомбардираат Русија како што направиле во 1999 година со Србија.

„Зошто не ја бомбардираат Русија како што ја гаѓаа Србија во 1999 година? Толку за владеењето на правото...“, кажа Вучиќ во српска емисија.

16.05.2022 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа