Вучиќ: Ана Брнабиќ е новиот мандатар на српската влада

Ана Брнабиќ ќе добие уште еден мандат на чело на српската влада, откако вечерва претседателот на Србија и партиски лидер Александар Вучиќ, достави таков предлог до Претседателството на Српската народна странка, а партискиот орган едногласно го усвои.

„Донесов одлука за кандидатот за претседател на Владата на Србија, а таа е донесена во рокот предвиден со Уставот и законите,“ рече Вучиќ во обраќањето до јавноста.

Тој истакна дека владата во следните четири години има три важни цели: подигање на животниот стандард во земјата преку инвестиции во инфраструктурата, вложување и развој на медицината, и третата и најважна цел – да се зачува мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.

„Сакаме компромисно решение со Албанците, но како и секогаш, Србија нема да се согласи на понижување“, рече Вучиќ.

Брнабиќ ја предводи српската влада од јуни 2017 година, а претходно беше министерка за државна администрација и локална самоуправа. Таа е прва жена на позицијата претседател на Владата на Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега